Уапсени четворица Бугари поради местење тениски натпревари

Четири лица беа уапсени во Бугарија по наредба на обвинителството во Марсеј, oткако се осомничени дека се дел од мрежа што организирала местење тениски натпревари во Европа.

Тројца од уапсените, поранешни тенисери, четвртиот е нивен соучесник, сите Бугари, се предмет на европска потерница издадена од француските судови. Тие се гонат за перење пари и измама поврзана со спортски натпревари, особено тенисот.

„Тројца беа задржани во притвор, додека четвртиот беше ставен во домашен притвор. Тие се осомничени дека нуделе мито на играчи и организации на три континенти“, изјави портпаролката на судот.

Браќата Карен и Јури Хачатријан, Дилјан Јанев – сите поранешни тенисери, како и Ангел Јанев – беа уапсени. Тие се на возраст меѓу 25 и 31 година. Се очекува бугарскиот судски систем да одлучи за нивниот трансфер на француските власти во наредните недели.

Се вчитува...