Убав гест на Дориев: 550 дечиња изненади со новогодишни пакетчиња (ФОТО)

Убав гест на македонскиот репрезентативец Љупче Дориев кој ги израдува најмалите од општина Ново Село.

Дориев се одлучи да ги изненади учениците од основните училишта во својата општина порадувајќи 550 новогодишни пакетчиња.

„Со оглед дека потекнувам од оваа општина сакав да ги израдувам најмалите кои се нашата иднина. Сакам да им посакам убави празници и секогаш да спортуваат бидејки со спортот се освојуваат височини но и се градат квалитетни личности. Се надевам дека од мојата општина наскоро ќе излезат нови квалитетни спортисти и личности“ – објави на својот официјален фејсбук профил Љупче Дориев.

Се вчитува...