Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе овозможи бесплатен влез на Источната трибина на Националната арена “Тодор Проески” за сите деца кои учествуваа на финалниот турнир во Детската лига и во проектот за училишен фудбал „Ајде на фудбал“, на престојниот натпревар меѓу Македонија и Белгија кој се игра во петок на 6 јуни со почеток од 20:45 часот.
Одлуката, на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ доаѓа како признание за трудот и ентузијазмот на повеќе од 2000 деца од 96 екипи што беа дел од финалниот турнир во Детска лига и близу 1000 деца од основните училишта, дел од проектот “Ајде на фудбал”.
Преку оваа иницијатива, испраќаме порака за поддршка на младите таленти и уште повеќе да ја поттикнеме љубовта кон фудбалот и ентузијазмот на најмладите за македонските национални селекции.
Источната трибина ќе биде резервирана за сите млади фудбалери, не само како публика, туку како иднината на македонскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

