Арсенал синоќа славеше со 2-0 против Сатон обезбедувајќи место во четвртфиналето од ФА Купот.
Арсенал потешко од очекуваното славеше на гостувањето, со погодоците на Перез и Волкот. Иако Сатон е петтолигаш во Англија, одигра одлично и на крајот фудбалерите на овој тим со аплауз беа испратени во соблекувалните.
Тео Волкот беше капитен на Арсенал, но ја „расипа“ вечерта за капитенот на Сатон откако го заборави клупското знаменце. Но, по мечот Волкот ја покажа својата класа. Веднаш по последниот свиреж влезе во соблекувалната на Сатон честитајќи им на играта и поздравувајќи се со секој противнички фудбалер поединечно. Убав гест на капитенот на лондонската екипа…
wal-svlacionica by situacijeliga
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА