Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата големина и надвор од теренот, овој пат во капитенска улога во португалската репрезентација.
Во натпреварот од последното коло од групната фаза во Купот на конфедерации, Португалија славеше против Нов Зеланд со 4-0. Првиот гол на натпреварот го постигна Кристијано Роналдо од пенал, а на крајот португалската ѕвезда ја доби и наградата за најдобар играч на мечот.
Но, Роналдо направи убав потег и одлучи оваа награда да му ја препушти на Бернандо Силва. Новиот член на Манчестер сити, беше стрелец на вториот гол и имаше извонреден настап на овој дуел.
Бернандо Силва на Инстаграм ја објави фотографијата со Роналдо и му се заблагодари на капитенот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА