Вардар загуби од Мура со 3-1 на последниот тест од зимските подготовки во Анталија. Тимот на Александар Васоски одигра квалитетно околу 70-ина минути, а потоа дозволи да прими три гола и загуби со пресврт. Владица Брдаровски во 38.минута успеа да постигне одличен гол, погодувајќи од 20 метри во горниот десен агол од голот на противникот.
Мура се врати во вториот дел и постигна три гола за комплетен пресврт на дуелот и триумф. Шушњара погоди во 74. и во 78.минута, а конечниот резултат го постави Бубњар.
Тренерот на Вардар, Александар Васоски, го стартуваше мечот со следниот тим: Гачевски, Тошевски, Новак, Младеновски, Брдаровски, Реис Жуниор, Мицевски, Најдовски, Попзлатанов, Цветаноски, Аврамовски.
⚽️38 минута Брдаровски pic.twitter.com/tE2F1EG0I3
— Скопски Вардар (@FKVardarSkopje) February 3, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

