ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија има пет гола предност (18-13) против Јапонија на полувремето од воведниот натпревар на Светското првенство во Германија. Селекцијата на Раул Гонзалес е најмалку за една класа поквалитетна од азискиот состав и тоа го потврди во првите 30 минути.
Првите два гола за Македонија на мундијалот во Германија беа дело на Дејан Манасков. Поведовме со 3-1, но потоа Јапинците забрзаа и возратија, до нивна предност (3-4). Во елемент влезе капитенот Кире Лазаров и тргна серијата на нашиот национален тим.
Четири гола во низа и Македонија стигна до предност од 7-4. Во 17.минута, дојдовме и до највисоки плус пет (5-10), откако Гоце Георгиевски погоди од сопственото поле во празниот гол на Јапонците, користејќи ја грешката на азискиот состав.
Борко Ристовски бранеше одлично, се разигра и Филип Талевски со два гола, а Пешевски е премногу корпулентен за да го сопре јапонската одбрана. По 30 минути, Македонија има водство од пет гола (18-13).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА