Македонскиот репрезентативец Антонио Стојчески забележа убав успех на Европскиот куп во џиу-џицу кој се одржува во Беверен, Белгија, освојувајќи бронзен медал во категоријата до 69 килограми.
Во извонредна конкуренција покрај 11 најдобри европски борачи во својата категорија, Стојчески успеа да победи против репрезентативци на Италија, Украина и домаќинот Белгија, на крај за освојување на бронзеното одликување.
Македонија во Беверен имаше уште еден претставник, Данил Николиски, во категоријата до 56 килограми, на крај запишувајќи исто така убав успех, за малку останувајќи без медал, завршувајќи на петтото место.

„Можевме да се вратиме и со два медали, но во одлучувачката борба Данил загуби по навистина сомнителни судиски одлуки кои му ја одзедоа победата. Секако, задоволни сме од прикажаното и на двајцата наши репрезентативци“ – информираат од Македонската џиу-џицу федерација.
На Европскиот куп учествуваа 329 натпреварувачи од 16 држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

