МЗТ Скопје конечно ја прекина „црната“ серија од 11 порази во низа во јадранското натпреварување со победа над Цибона во Загреб, што беше најголемото изненадување во последното коло. Во составот на „металци“ дури шест кошаркари запишаа двоцифрен учинок според поени на средбата, но како најзаслужен за победата се истакна плејмејкерот Доминик Мавра, кој за 35 минути забележа 18 поени, шест скока и 10 асистенции.
Со неговиот настап Мавра собра вкупно 34 индекс оценка и ја зеде титулата за најкорисен играч во 16. коло во АБА – лигата, и всушност стана првиот играч на МЗТ сезонава кој доби вакво признание.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА