Убава фудбалска ноќ во Рига – Победа на колективот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија на најдобар можен начин го заокружи гостувањето во Рига со убедлива победа од 0-3 против Летонија во третото коло од Ц-Лигата на нациите.

Убава фудбалска ноќ за избраниците на Боби Милевски кои покажаа зошто го носат фаворитскиот епитет во оваа група од Лигата на нациите. Покажаа дека колективот победува се и над се, иако индивидуалните потези на Ќамили и Елмас, можеби вечерва се наметнаа во прв план.

„Колективниот квалитет ќе победи во Рига“ – најави капитенот Барди пред денешниот дуел, и така и бидна.

 

Се вчитува...