Ракометарот на Еурофарм Работник, Горан Кузманоски, покрена убава иницијатива во која очекува да се приклучат поголемиот дел од македонските спортисти и да донираат средства за обезбедување на заштитини маски и опрема на здравствените работници кои се во првиот одбранбен ред и обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.
Здраво на сите.
Како во спортот така и во животот, најважна е тимската игра, солидарноста и несебичноста.
Заедно со неколку колеги преку иницијативата
#Спортистипротивкорона застануваме активно во борбата против корона вирусот. Отворивме наменска сметка (информации подолу во статусот) за донации. Собраните средства ќе бидат донирани за обезбедување на заштитини маски и опрема на здравствените работници кои се во првиот одбранбен ред и обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.
Заедно сме победиле многу натпревари, многу противници, заедно ќе го победиме и корона вирусот, ќе одиграме најсилна одбрана и ќе покажеме дека заедно, солидарно – МОЖЕМЕ!
Затоа колеги спортисти, ве замолувам, ве мотивирам, ве предизвикувам, да донираме сите заедно.
Ова е најважниот натпревар во нашата кариера!
Да се грижиме!
Откако ќе бидат собрани средствата, транспарентно ќе биде објавено колку средства се собрани и каде се донирани.
Жиро сметка : 240577112287787
Девизна сметка :
IBAN:MK07240577112287690
SWIFT : UIBMMK22XXX
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

