Убава вест од Лондон: Антонио излезе од болница

Фудбалерот на Вест Хем, Мајкл Антонио, бил отпуштен од болница во Лондон откако на 7 декември доживеал сообраќајна несреќа, објави „Би-би-си“.

На 8 декември Антонио (34) беше опериран на долните екстремитети по скршеницата што ја заработи во сообраќајна несреќа. Британските медиуми потсетуваат дека итните служби и пожарникарите го извадиле Антонио од смачканото Ферари на еден час.

Клубот им се заблагодари на службите за итна помош и на персоналот што го лекуваа репрезентативецот на Јамајка и најавија дека ќе донираат 60.000 фунти за добротворни цели.

Антонио е најдобар стрелец на Вест Хем во историјата на Премиер лигата со 68 гола во 268 натпревари.

Се вчитува...