Новиот фудбалер на Леванте, Енис Барди, ќе се опорави навреме за да настапи за репрезентацијата на Македонија на квалификациските мечеви против Израел (2.септември) во Хаифа и против Албанија (5.септември) во Струмица. По деталните лекарски прегледи е утврдено дека сепак не се работи за многу сериозна повреда на мускулот, која треба да биде санирана за неколку дена.
Барди би можел да биде во тимот веќе на стартот од Ла Лига против Вилјареал на домашен терен, а доколку тоа не се случи, тогаш дефинитивно ќе игра во второто коло од шпанското првенство против Ла Коруња. Тоа значи дека ќе биде подготвен за настап и во националниот тим за мечевите против Израел и против Албанија.
Селекторот Игор Ангеловски за неколку дена ќе го објави списокот на повикани фудбалери за овие два квалификациски натпревари, а на него речиси сигурно ќе се најде и името на Енис Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА