Минаа две години откако Луис Хамилтон ја заврши врската со Никол Шерцингер, по што големиот ас на Формула 1 шампионатот не сакаше да се впушта во сериозни врски.
Сепак, Анастасија Квитко е убавицата што го украде срцето на Ф-1 шампионот откако во британските таблоиди се појавија фотографии од Хамилтон и Квитко на шампионската прослава на возачот на Мерцедес. Неодамна тие беа видени заедно во јавноста, а по најновата средба се шпекулира дека станува збор за сериозна врска.
Руската убавица која на инстаграм ја следат речиси девет милиони луѓе засега не ја коментира поврзаноста со Ф-1 шампионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА