Убавата Ива збесна и Мирко Алиловиќ се откажа од репрезентацијата

Голманот на хрватската ракометна репрезентација, Мирко Алиловиќ, одлучи да стави крај на настапите во националниот тим. Само два дена откако неговата сопруга Ива збесна поради скршените прозорци и покривот на нината куќа, дело на хулигани незадоволни што Хрватска загуби од Франција, Мирко Алиловиќ и дефинитивно реши да стави крај на репрезентативната кариера. Секако, и годините веќе си го прават своето.

„Тоа е тоа. Јас сум готов. Ете сега ја имав и таа ситуација со искршените стакла на куќата. Мене тоа не ми треба во животот. Се вратив на наговор на Лино, но не испадна како што сите посакувавме. Бев тука цели 11 години, освоив седум медали. И сите заедно малку повеќе да ги почитувавме тие медали, можеби денеска се ќе беше поинаку. Некогаш беше подобро, некогаш полошо, но секогаш давав се за репрезентацијата…А сега тие искршени стакла“, објасни Мирко Алиловиќ.

Пред два дена, неговата убава сопруга Ива збесна поради хулиганските испади на нивниот имот, потенцирајќи дека се е тоа поради „проклетата репрезентација“.

Само за потсетување, пред Алиловиќ крајот на репрезентативната кариера го објавија и Иван Чупиќ и Игор Вори, додека Златко Хорват најави дека и во иднина ќе го носи дресот на националниот тим.

 

Се вчитува...