Убавата Магдалена е убедена во триумф: Сината боја ќе донесе среќа против Албанија

Хрватските навивачи не дозволуваат поразот од Шпанија да ја расипе атмосферата, па меѓу нив владее оптимизам дека со победа попладнево над Албанија „коцкестите“ ќе се вратат во игра за пласман во нокаут фазата.

Фокусот на медиумите е насочен кон Магдалена Кекшиќ, хрватската навивачка која живее во Манхајм, но утрово веќе пристигна во Хамбург полна со оптимизам пред дуелот со Албанија.

„Во Берлин бев облечена како зајчица, денеска ќе бидам во син аутфит, верувам дека ќе донесам среќа. Две години го чекав ова, мојата Хрватска да игра на ЕП во Германија, билетите се одамна купени. Секако дека бев малку разочарана од поразот од Шпанија, но сигурна сум дека ќе победиме на двете преостанати средби до крајот на групава“, порачува убавата Магдалена.

Се вчитува...