Бразилскиот супермодел Жизел Бундшен застана во одбрана на својот сопруг Том Бреди, ѕвездата на НФЛ – лигата, кој во документарен филм го бакна во уста нивниот 11-годишен син Џек. Тоа донесе бура од коментари во американската јавност, а Жизел вели дека е само еден искрен татковски бакнеж кој ја изразува љубовта кон своето дете.
„Том е прекрасен татко кој ги сака своите деца. Тој бакнеж беше израз на голема љубов, еден сосема искрен момент, кој јавноста го сфати сосема поинаку“, изјави Жизел Бундшен.
Том Бреди е во фокусот на јавноста и поради настапот со својот тим Њу Ингланд патриотс на Супербоул. Вечерва се игра најголемиот меч во сезоната во НФЛ – лигата, финалниот меч наречен Супербоул меѓу Њу Ингланд патриотс и Филаделфија иглс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА