Убави беа милионите во Јунајтед – Златан ќе игра за 95% помала плата во ЛА галакси

Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена го официјализираше долгоочекуваниот трансфер во ЛА галакси. Швеѓанецот потпиша договор до 2019 година, а неговата заработка е далеку пониска од очекуваното.

Ибрахимовиќ се согласи на 1.5 милиони американски долари по сезона, или пресметано во евра, 1.2 милиолни. Тоа е 95% помала плата од онаа што ја земаше во Манчестер јунајтед, која изнесуваше 21.8 милиони евра. Тоа значи дека напаѓачот заработува 22.000 долари неделно, додека на „Олд трафорд“ земаше вртоглави 492.000 долари неделно (400.000 евра).

Основното право во МЛС – лигата околу платите на играчите не дозволува клубот да троши повеќе од 3.8 милиони долари на плати. Меѓу другото, Ибра е во залезот на кариерата и ова е речиси максималната заработка што може да го добие од еден клуб (веројатно само клубови од кинеската Супер – лига може да издвојат повеќе средства). Сепак, во овие моменти од неговата кариера платата е најмала грижа на Златан.

 

Се вчитува...