Пред официјалниот почеток на новата натпреварувачка пинг-понг сезона репрезентативците од младинските категории учествуваа на меѓународни тренинг-кампови и турнири. На турнирот во Опатија, Хрватска учествуваа јуниорската репрезентативка Ана Стојановска од Крива Паланка и кадетската репрезентативка Софија Хасану од Крушево.
Во конкуренција на натпреварувачи од Хрватска, Словачка, Србија и Македонија, пријатна вест е дека Хасану го освои второто место. Во финалето Хасану загуби од натпреварувачка од Србија со 3-2 иако имала водство од 2-0. Колку Хасанау била блиску до освојувањето на првото место зборува и фактот дека против истата натпреварувачка во групната фаза на натпреварите извојувала победа од 3-2.
Стојановска и Хасану дополнително ќе учествуваат на подготовки заедно со хрватската јуниорска и сениорска репрезентација на Хрватса и репрезентативниот состав на една од германските покраини.
Добри вести доаѓаат и од Бугарија каде што на меѓународниот турнир во Ардино учествуваа поголемиот дел од репрезентативците во јуниорска и кадетска конкуренција. Борис Секулов од ППК Астраион Струмца го освои второто место. Машката кадетска репрезентација екипно исто така го освои второто место. Солиден настап имале и нашите репрезентативки од младинските категории.
Колку пинг-понгот станува се попопуларен меѓу младите зборува фактот дека и дел од младите играчи кои претендираат на место во репрезентацијата, учествуваат на подготвителни тренинг кампови. Поголем број на играчи учествуваа на тренинг камп во Власина во Србија, а исто така дел од нив планираат да учествуваат на кампот во Крупањ во Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА