Убави спомени од дуелите со Лихтенштајн: Десет победи од 11 меча

ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев

Македонскиот национален тим денеска 15 часот против Лихтенштајн, има можност со победа го стартува новиот циклус на квалификации за Мундијалот 2026 година, и да ја продолжи серијата на успешни резултати, која трае седум официјални натпревари.

Македонија е во серија од пет победи без примен гол, откако имаше успешни настапи во Лигата на Нации, а сега посакува формата да ја пренесе и во квалификациите.

Противникот е по мерка, противник кој вечно е во спомените на Македонија после историската највисока победа од осамостојувањето од 1-11 во далечната 1996 година во меч одигран во Ешен. Само едно „горчливо“ реми во досегашните 11 натпревари против Лихтенштајн.

НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ ЛИХТЕНШТАЈН ВО ИСТОРИЈАТА: 

24.04.1996 (квалификации за СП 1998) – Македонија – Лихтенштајн 3-0

09.11.1996 (квалификации за СП 1998) – Лихтенштајн – Македонија 1-11

08.09.2002 (квалификации за ЕП 2004) – Лихтенштајн – Македонија 1-1

07.06.2002 (квалификации за ЕП 2004) – Македонија – Лихтенштајн 3-1

12.11.2005 (пријателски меч) – Лихтенштајн – Македонија 1-2

24.03.2017 (квалификации за СП 2018) – Лихтенштајн – Македонија 0-3

09.10.2017 (квалификации за СП 2018) – Македонија – Лихтенштајн 4-0

13.10.2018 (Лига на Нации) – Македонија – Лихтенштајн 4-1

16.11.2018 (Лига на Наици) – Лихтенштајн – Македонија 0-2

28.03.2021 (квалификации за СП 2022) – Македонија – Лихтенштајн 5-0

08.10.2021 (квалификации за СП 2022) – Лихтенштајн – Македонија 0-4

 

 

Се вчитува...