Убави три гола и водство на Струга на полувреме во Кратово, Брера во финишот до 1-1 против Арсими (ВИДЕО)

Струта ТЛ е многу блиску да дојде до шестата победа во ПМФЛ, и повторно да се искачи на чело на табелата, откако во Кратово има предност од 0-2 после првите 45. минути. Можеби не доминираше до толкуи да води со овој резултат, но гостите од Струга максимално ги искористија своите шанси и се стекнаа со оваа предност.

Првиот гол стружани го постигнаа во 8. минута. Фал нафрли од левата страна, а Компаоре од прва го совлада Џеков. Ова беше казна за она кое го пропуштија кратовци само минута претходно, откако Бутуровиќ ја погоди пречката.

Во 33. минута Хамза го постигна еден од најубавите голови во досегашниот тек на сезоната во ПМФЛ. Од слободен удар од 25-26 метри шутираше прецизно во горниот лев агол на Џеков.

Сепак, Силекс се врати со гол на Хрвановиќ. Прекрасна акција од левата страна по која Додев го проигра Мирчевски, кој го најде Хрвановиќ, а овој со удар од прва ја смести топката под пречката на немоќниот Анџелети.

Во Струмица е нерешено мешу Брера и Арсими. Стрелец на голот за водство на гостите беше Бешагиќ, кој доби топка и остана сам пред голот, и прецизно стрелаше. Претходно неверојатни промашувања и на двете екипи. Кај Арсими се посрамоти Шефити кој излезе сам, и имаше идеална позиција, но ја испрати топката над голот. На другата страна можеше да казни Стојанов, меѓутоа од само 2-3 метри го промаши празниот гол. Сепак, во финишот на првиот дел Стефан Наумчевски успеа да се снајде најдобро во шеснаесетникот и да го израмни резултатот.

Се вчитува...