Михаел Шумахер не е врзан за кревет и не му е потребна помош од респиратор за да дише објави британскиот весник „Daily Mail“. Германската Формула 1 ѕвезда неколку години се опоравува по страотната скијачка несреќа и во моментов живее во Швајцарија во куќа која има специјално крило наменето за негова рехабилитација.
Според весникот, Шумахер имал нормална тежина и веќе не зависел од машини.
Овие информации се поклопуваат со она што пред неколку седмици го објави претседателот на ФИА, Жан Тод, кој изјави дека „Формула 1 трката во Бразил ја гледал во домот на Михаел“, објаснувајќи дополнително дека Шумахер може да ги следи трките и е свесен за она што се случува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА