Илјадници хрватски навивачи вчера и денеска го исполнуваат Стокхолм. По триумфот на составот на Лино Червар во историската полуфинална битка со Норвешка, Хрватите се мобилизираа и масовно патуваат за Шведска каде што ќе им се приклучат на бројните навивачи на „коцкестите“ кои и така веќе беа силна поддршка за националниот тим.
Хрватите не штедат пари, а се и суперинвентивни кога се работи за навивачкиот изглед, ова особено важи за девојките.
Финалето во „Теле2 Арена“ е во 16.30 часот и хрватската репрезентација ќе има далеку посилна поддршка од Шпанците кои не можат да се пофалат со навивачка армија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА