По 33 години Наполи стана шампион на Италија. Навивачите многу слават, а многумина од нив не го заборавија ветувањето на познатата навивачка Рафаела Фико.
Рафаела Фико и е добро позната на италијанската јавност. 35-годишната манекенка своевремено беше во врска со Марио Балотели со кој ја има ќерката Пиа, а се забавуваше и со Кристијано Роналдо.
Таа е навивачка на Наполи и пред неколку месеци вети дека ќе се соблече за сите навивачи доколку нејзиниот клуб ја освои титулата шампион на Италија.
Тоа не го заборавија навивачите на тимот од Неапол. Сега на социјалните мрежи бараат од неа да го исполни ветувањето и да објави разголени фотографии. Таа доби илјадници пораки.
„Ветивте дека ќе се соблечете. Очекуваме да го исполните тоа ветување”, е само една од низата пораки кои ги добила оваа атрактивна Италијанка.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА