Убаво му е на „Олд Трафорд“: Варан сака нов договор

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан е подготвен да преговара за нов договор. Актуелниот договор е до 2024 година, но јасно стави до знаење дека е подготвен за негово продолжување.

Во последно време стоперот го загуби стартното место во тимот на Тен Хаг. Сепак, после долго време се врати во тимот поради повреди на неговите соиграчи од одбраната, дури и беше прогласен за играч на мечот во ремито без голови против Ливерпул.

Новиот договор на Варан во голем дел ќе зависи и од новите сопственици на чело со Сер Џими Ретклиф, а последниот збор ќе го има и тренерот Ерик Тен Хаг.

Се вчитува...