„Убеден сум дека Салах ќе остане во Ливерпул, нема многу опции“

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер зборуваше за иднината на Мохамед Салах во тимот од Енфилд. Претходно беше објавено дека „црвените“ испратиле вонредна понуда до крилниот играч за нов договор, со оглед дека актуелниот истекува на крајот на оваа сезона.

Шпекулациите за заминување на Египѓанецот се зголемија минатиот месец, кога рече дека е разочаран од клубот поради новиот договор. Меѓутоа Карагер е убеден дека Салах на крај ќе најде заеднички јазик и ќе остане во Ливерпул.

„Ми се допаѓа Мо Салах , тој е еден од најдобрите играчи во светот, но го велам тоа поради неговата возраст. Заработувате толку многу и зборувате за зголемување на платата – а не за 10-20 илјади фунти неделно. Тој ќе остане бидејќи не сум сигурен дека има многу опции. Тој не е подготвен да оди во Саудиска Арабија – може да оди таму за три години. Салах како фудбалер се стреми да го собори рекордот по број на голови. Салах добива помеѓу 350 и 400 илјади фунти неделно – нека му е со среќа, тој го заслужува тоа, тој е еден од најдобрите играчи во светот и треба да биде платен за тоа. На 32-33 години не ви се нуди да го обновите договорот 18 месеци пред да истече. Лично, мислам дека вреди да се продолжи неговиот договор за 2 години со иста плата. Можеби клубот му нуди една година, но тој сака три. Се обидов да добијам информации од клубот затоа што знаев дека ќе ме прашаат за тоа, но тие нема да кажат ништо“, рече Карагер.

Се вчитува...