Убедлив пораз и од Рошток за крај на европската авнатура на Феникс

Феникс 2010 квалификациите за ФИБА Еврокупот ги заврши со два порази откако денеска очекувано загуби со 72-101 од германскиот тим Рошток. Во вториот натпревар на Кипар скопскиот тим одигра далеку поквалитетно и го поправи впечатокот по преубедливиот пораз од Керавнос, но истото не беше доволно за да се надева на триумф.

За разлика од вчерашниот натпревар против Кереванос, Феникс 2010 овој пат го отвори натпревар во свето темпо и поведе со 10-6, но како што одминуваа минутите очекувано германскиот тим го подигна своето ниво на игра па по крајот на првата четвртина целосно ја превзема иницијативата за предност од 22-16. Контролата на натпреварот на Рошток продолжи и до крајот на полувреме до кое Германците го приморија македонскиот тим на тешки обиди од поле за зголемување на позитивата на 47-31.

Второто полувреме не донесе промена на силите на теренот, но донесе шанса и за најмладите кошаркари на Феникс 2010. Тој факт дополнително го искористи Рошток кој продолжи со добрата игра на двата дела од теренот и во последните десет минути влезе со предност од 52-73. Феникс не се предаде, одигра одлично во одбраната во дел од последната четвртина и ја намали негативата на 13 поени (67-80), но не успеа да го задржи континуитетот па Германците се радуваа на победа од 29 разлика.

Со 19 поени и 10 скокови лидер на Феникс 2010 беше Рис, а 15 поени додаде Хејнс-Џонс. 12 постигна Зетов, додека со 10 поени натпреварот го заврши Зетов. Рошток го предводеше Нелсон со 20 поени, додека Амазе постигна 17.

Се вчитува...