Академија Пандев поведе со голот на Даниел Миловановиќ, но потоа прими пет гола (5-1) од рускиот тим Ротор Волгоград на пријателскиот натпревар во Анталија. Тимот на Југослав Тренчовски не можеше да му се спротивстави на очигледно поквалитетниот руски тим. На полувремето Ротор обезбеди водство од 2-1, со головите на Галаџан и на Алејник.
Во вториот дел мрежата на Академија Пандев ја погодија и Мулин, кој беше двоен стрелец, и Полубојаринов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

