Убедлив пораз на Брера од Раднички

Фудбалерите на АП Брера загубија лесно и убедливо со 3-0 на денепшниот пријателски меч со Раднички Ниш, прв контролен дуел што струмичкиот прволигаш го игра како дел од летните подготовки во Банско.

Раднички беше без триумф на досегашните четири подготвителни средби летово, но српскиот прволигаш покажа далеку подобро ниво на физичка подготвеност, беше подобар ривал на теренот и славеше рутински на овој дуел, прв триумф на Никола Дринчиќ како тренер на нишкиот клуб.

Победникот беше решен уште по 25 минути игра откако Раднички поведе со 2-0 со головите на Стјуарт и на Вања Илиќ, за во второто полувреме конечните 3-0 да го постави Стојановиќ.

Се вчитува...