Убедлив пораз на Јанта Волеј во првиот натпревар против хрватски Младост

Одбојкарките на Јанта Волеј загубија на првиот натпревар во ЦЕВ купот откако на домашен терен беа убедливо поразени од хрватскиот прволигаш Младост со максимални 3-0, по сетови 25-6, 25-12 и 25-19.

Нашите одбојкарки лошо го почнаа натпреварот, а во првиот сет буквално не дадоа никаков отпор на фаворитот. Во вториот сет одиграа двојно подобро од првиот, но и тој го загубија со убедливи 25-12.

Најголем отпор на фаворитот тимот од Кисела Вода му пружи во последниот сет во кој успеа да стигне до 19 поени. Реваншот во Хрватска е закажан за седум дена.

Се вчитува...