Македонскиот женски фудбалски првак, Љуботен нема да игра финале за Лигата на шампионите откако претрпе убедлив пораз во полуфиналето од страна на Сент Полтен со 7-0. Тетовскиот тим не беше достоен противник за австрискиот првак кој победата ја најави уште во воведните 15. минути.
Во нив австрискиот клуб постигна три гола, а резултатот 3-0 остана до крајот на првото полувреме. По четири минути во второто полувреме Австријките дополнително ja зголемија предноста, автоголот на Ратковиќ донесе 5-0, а во судиското продолжение уште два пати се тресеше мрежата на македонскиот првак.
Сент Полтен за место во Лигата на Шампионите ќе игра со Динамо Мински, додека Љуботен во мечот за третото место на турнирот во Скопје ќе се соочи со бугарскиот состав Локомотива Стара Загора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА