Убедлив пораз на младинците од Холандија на почетокот на ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години забележа убедлив пораз од Холандија од 58-78 на почетокот на Европското првенство во „Б“ дивизија кое се одржува во Ерменија.

Избраниците на Самаџиев парираа само во првото полувреме во кое имаа и позитива од осум поени (27-19) во втората четвртина, но Холанѓаните успеаја да се вратат во игра, да стигнат до негатива од само еден напад на полувремето (34-31), а потоа и потполно да ја превземат иницијативата во вторите 20. минути.

Кобна за македонскиот состав беше последната четвртина која започна со егал, но одбраната и нападот не беа на ниво. Македонија постигна само 10 поени, прими 28 па на крајот забележа преубедлив пораз.

Ќириловски со 14 поени беше најефикасен во редовите на Македонија. Него го следеа Лукановски со 13 поени и Стојковиќ со девет.

Се вчитува...