Младинскиот шампион на Македонија, Работнички доживеа висок пораз на гостински терен кај Шелбурн од Република Ирска со 5-0 во првиот натпревар од двомечот во младинската Лига на шампиони.
Нашиот шампион добро се држеше во првото полувреме во кое имаше негатива од само 1-0 со голот на Сами во 35. минута, но во вториот дел следуваше вистински потоп. Мер со два гола во 69. и 71. минута зголеми на 3-0, додека Рајан во 76. минута зголеми на 4-0. Конечните 5-0 ги постави Кеог во 84. минута.
Реваншот кој ќе се игра во Скопје е закажан за 1. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

