Убедлив пораз на ракометарките до 17 години од Германија

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 17 години со убедлив пораз го стартуваше настапот на Европското првенство во оваа старосна граница.

Нашите ракометарки во воведното коло на континенталниот собир беа поразени од Германија со убедливи 31-18. Германките тргнаа фуриозно уште од самиот старт на мечот, па веќе на полувреме имаа двоцифрена предност 18-8.

Во вториот дел тие само рутински го приведоа мечот до самиот крај за триумф од 31-18. Таида Беровиќ со четири гола беше прво име во нашиот табор, додека кај победникот Мира Хелен Бендер постигна пет гола.

Се вчитува...