Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години забележа нов пораз на Европското првенство кое што се игра во Црна Гора.
Во последниот меч од групата за разигрување од 12 до 24 место нашите девојки беа убедливо поразени од Исланд со 48-26. Дона Тодоровска со шест гола беше прво име во нашиот табор, додека кај победникот Аштилдур Порхалсдотир го заврши натпреварот со неверојатни 18 погодоци.
Со овој пораз Македонија до крајот на шампионатот ќе разигрува од 19. до 24. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

