Фудбалската репрезентација до 19 години, загуби убедливо на првиот од двата „теста“ против селекцијата на Црна Гора.
Денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ покрај ФФМ, момците на Вујадин Станојковиќ беа поразени со 5-1 од Црногорците.
Малиќи го постигна единствниот гол за Македонија, во тие мигови само успеа да намали на 3-1 во тие моменти. Тоа се случуваше на крајот од првиот дел, а Црна Гора постигна уште два гола во вториот дел за убедлив триумф.
Истите селекции ќе одиграат и „реванш“ во четврток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА