Женскиот фудбалски првак на Македонија, ЖФК Драгон, со убедлив пораз (5-0) од Сараево го почна квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите. Веќе како по традиција, нашиот претставник во женски фудбал е далеку од квалитетот на останатите, а ова „правило“ се потврди и на мечот против Сараево.
Претставникот на БиХ славеше убедливо, а првиот гол го постигна Мерјема Медиќ во деветтата минута. ЖФК Драгон попушти со темпото во вториот дел, па Сараево постигна уште четири гола преку Спахиќ, Ѓоковиќ, Бојат и Куц.
Во вториот меч од квалификациската група 1, Брајдаблик го совлада АСА Тел Авив со 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА