Шахистите на Алкалоид успешно ги продолжуваат борбите на Европскиот клупски куп, триумфирајќи убедливо во 4. коло против српскиот шампион Итака.
Натпреварот од четвртото коло беше со императив за висока победа, како предуслов за продолжување на трката за еден од медалите. Алкалоид со четири победи и две ремија на поединечните табли дојде до вкупен триумф од 5-1. Ковалев, Шанкланд и Криворучко со сигурна игра извојуваа победи, следеа две ремија на Андреикин и Инаркиев, а најголема борба се водеше на првата табла, меѓу велемајсторите Мамедјаров и Инѓиќ. Во динамична и остра позиција, дојде до израз шаховската сила на шахистот на Алкалоид кој славеше на крајот.
По одиграни четири кола, само четири екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат на Европскиот куп) имаат максимални 8 бода, а потоа следи група со 6 бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.
Во петтото коло, ШК Алкалоид ја очекува дуел со екипата од Швајцарија, Цирих Шахгесешафт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА