Седум поени за нешто повеќе од девет минути игра за македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ во убедливата победа на Баерн Минхен над Јена од 61-106.
Димитријевиќ го почна мечот од клупата за резерви, а потоа доби минути од тренерот Светислав Пешиќ, но во малата минутажа постигна скромен број на поени. Тој имаше 100% ефект во сите параметри.
Имаше 1/1 за три поени, 1/1 за два поени и 2/2 од слободни фрлања. Најефикасен кај „Баварците“ беа Габриел и Обст со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

