Баерн Минхен славеше убедлива победа од 5-1 против Хофенхајм во германската Бундеслига.
Баерн поведе со голот на Хари Кејн во 20. минута од пенал, а претходно Хофенхајм имаше играч помалку. Кевин Акпогума доби директен црвен картон.
За гостите израмни Хрватот Крамариќ во 33. минута, но потоа Баерн повторно постигна гол. Хари Кејн повторно беше прецизен од пенал во 45. минута, а Луис Дијаз го заврши полувремето со гол за 3-1 во 47. минута. Кејн овој пат беше асистент.
Bayern (2)-1 Hoffenheim – Harry Kane 45′ (Pen.)
by
u/977x in
soccer
Луис Дијаз постигна уште два гола пред крајот на натпреварот. Баерн е шест бода пред второпласираната Борусија Дортмунд, додека Хофенхајм е на третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

