Женската кадетска селекција на Македонија имаше повеќе од успешен почеток на натпреварите од ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тбилиси, откако во првото коло од групата „Е“ од славеше убедлива победа над Малата од 91-53.
Само во уводната четвртина нашите млади кошаркарки имаа рамноправен противник пред себе. На истекот на десет минути, Македонија водеше со (18:16). Но до крајот на премиерниот мелч во Тбилиси, на теренот постоеше само една селекција-македонската. Во вториот период направивме (28-9), за високи (46:25), на полувремето.
Разлика која со одлична игра во нападот, во вториот дел од играта само ја зголемувавме и стигнавме до повеќе од убедлив триумф. Капитенот Алексовска реализираше 18.поени, а еден помалку имаше Николов. Покрај нив, 15 даде Стоевска, Милованова имаше 12, а Петревска уште десет реализирани поени. Утре, во исто време, од 14. часот, следува мечот против репрезентацијата на Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА