Ракометарките на Металург Автокоманда ги решија сите дилеми околу пласманот во второто коло од ЕХФ купот откако денеска во првиот натпревар од двомечот против луксембуршки Диферданж славеа со 40-25.
Нашите ракометарки одиграа одлично во првиот дел по кој имаа позитива од шест гола 17-11. Во второто полувреме разликата само се зголемуваше за конечен триумф од 40-25. Ана Марија Коларовска со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Лола Шојрен исто така заврши со седум гола.
Реваншот ќе се одигра исто така во Автокоманда утре со почеток во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

