Ракометарите на ГРК Охрид славеа убедлива победа против Врбас во пријателскиот натпревар кој се одигра вечерва во Врбас, Србија.
Охриѓани триумфираа со 21-40 во натпревар во кој целосно доминираа.
Најдобар поединец кај Охрид беше Прибетиќ со 7 гола, Јагуриноски постигна пет погодоци, а со по четири гола завршија Стрмљан и Ојлески. Кукуловски, Петриќ и Ќосевски постигнаа по три гола. Од голманите, Блажески заврши со седум одбрани, а Пилиповиќ и Ѓорѓески запишаа по пет одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

