Брегалница на убедлив начин со 21 победа и четири ремија, без ниту еден пораз низ досегашниот тек на сезоната, на две кола до крајот го обезбеди враќањето во Првата лига, по четири години отсуство од елитата.
Триумфот над Кожуф од 3-0, со головите на Бакрачески, Дујовски и Манев, по крајот на мечот означи и почеток на заслуженото славје на „сините“. Штип повторно ќе биде прволигашки град!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА