Убиен американски ММА-борец: Застрелан откако се обидел да си ја убие девојката

Поранешниот американски ММА-борец, Тајлер Ист е убиен во Ново Мексико.

30-годишниот Ист загинал по расправа со девојка. Американските медиуми известуваат дека полицијата го нашла мртвиот Ист и уште една жена со прострелна рана која е пренесена во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Наводно Ист пукал по девојката, а него го убил потоа непознат маж кој во моментов е во бегство.

Ист секогаш имал проблеми со законите. Бил претходно уапсен и поради семејство насилство и кражби. Кариерата ја заврши пред години со 15 победи и шест порази. Тајлер е помлад брат на поранешниот прославен УФЦ-борец, Коди Ист.

Се вчитува...