Убиен израелски тренер на Хапоел Тел Авив во нападите во Египет

Алон Шамли, тренерот на младинските категории на Хапоел Тел Авив, e убиен во напад во Египет, информираше неговиот клуб.

Според информациите од Египет, полицаец отворил оган врз израелски туристи па Шамли, кој бил меѓу туристите, го загубил животот. Мотивите зад пукањето остануваат нејасни, а израелското Министерство за надворешни работи моментално води интензивна истрага за трагичниот инцидент.

„Еден од тренерите на младинската школа, Алон Шамли е убиен во терористички напад во Египет. Во младинската школа на Хапоел дојде пред година и пол, кога минатата сезона работеше како главен тренер на третата екипа, а оваа сезона работеше како помошник на првиот тим. Просветен работник, вистински спортист, скромен, имаше многу страст за фудбалот. Имаше одличен однос кон децата, го сакаа и фудбалерите и колегите“ – се вели во соопштението од Хапоел Тел Авив.

Се вчитува...