Удар за Австрија: Малерозниот Херман го пропушта ЕП

Селекторот на Австрија, Алеш Пајович, се соочи со неочекуван проблем пред самиот почеток на европскиот шампионат по тешката повреда што ја заработи Александер Херман. Левиот бек на Гумерсбах настрада на вчерашниот тренинг, а деталните прегледи утврдија фрактура на коска во стопалото, по што и дефинитивно Херман ќе го следи европскиот шампионато од трибините на „Штадхале“ во Виена.

„Жал ми е за Алекс, повредата е сериозна и нема да може да ни помогне на овој шампионат“,  изјави Пајович, кој на негово место го повика Даниел Дикер.

Ова е само уште еден малер што го следи Херман во низата кога станува збор за неговите настапи на големите натпреварувања. Тој го повреди коленото на првиот меч од ЕП 2018, а непосредно пред СП 2019 исто така заработи повреда на стопалото и не можеше да настапи во Германија. Серијата малери за овој ракометар продолжува…

 

Се вчитува...