Удар за Баерн: Упамекано мора на „принуден одмор“

Главоболките на Томас Тухел дополнително се зголемија по повредата што ја заработи Дајот Упамекано, по што францускиот ас подолг период нема да му биде на располагање на тренерот на Баерн Минхен. Французинот се пожали на болка во ногата, деталните прегледи покажаа сериозно истегнување на мускулот, поради што се препорачува пауза од околу еден месец од терените.

Ова значи дека тој ќе пропушти низа значајни натпревари на Баерн, пред се големото дерби со Борусија во Дортмунд закажано за 4 ноември. Тухел нема премногу избор, Ким е единствениот здрав централен дефанзивец во тимот, а германскиот стручњак ќе мора да му даде шанса на Де Лихт, кој сезонава одигра само 126 минути во дресот на Баерн. Де Лихт исто така е повреден, но се очекува да се рехабилитира во текот на репрезентативната пауза и да биде „фит“ за гостувањето против Мајнц, прв меч за баварскиот гигант по паузата.

Тухел се жалеше на недостигот на дефанзивци во тимот и бараше од клубот да биде доведен Џером Боатенг, германскиот ветеран кој тренираше две седмици со тимот, но управата реши да не го ангажира како слободен играч.

Се вчитува...