Удар за Борусија Д.: Без главниот играч во одлучувачките битки за титула?

Борусија Дортмунд последните две кола во Бундеслигата, во кои ќе се бори за титулата првак на Германија. Дортмунд игра против Аугзбург на гости и Мајнц дома, и се надева дека двете битки ќе ги добие, а Баерн ќе киксне на еден натпревар, па да ја освои титулата првак.

Сепак, голем хендикеп за „милионерите“ на тие две средби ќе биде фактот што нема да може да смета на Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец е повреден и не тренираше досега, а тренерот Един Терзиќ денеска кажа дека ситуацијата со него не е променета.

„Белингем не тренираше, и тој е повреден. Има минимални шанси да игра викендов“, рече Терзиќ.

Сепак, прашање е дали Белингем ќе може да игра и на последниот дуел со Мајнц на домашен терен идната недела. Ако не може, тогаш веројатно Англичанецот го одигра своето во Борусија, со оглед дека следната сезона ќе биде дел од Реал Мадрид. „Кралевите“ наводно имаат договор со играчот од средниот ред, и се очекува само официјална промоција.

Се вчитува...