Напаѓачот на Лестер Сити, Абдул Фатаву Исахаку ќе го пропушти остатокот од сезоната откако ги скина вкрстените лигаменти на коленото. Клубот од Премиер лигата соопшти дека тоа се случило додека Фатау бил во репрезентацијата на Гана . 20-годишниот фудбалер играше на секој од првите 11 првенствени натпревари на Лестер, но се чини дека ќе се врати на теренот следната сезона.
„Повредата е сериозна“, рече тренерот Стив Купер на прес-конференција пред гостувањето на Челси во сабота.
Повреден е и другиот интернационалец од Гана во редовите на Лестер – Џордан Ајев. Сепак, според Купер, проблемот на Ајев не е сериозен и тој може да игра овој викенд.
Лестер е 15-ти во Премиер лигата со 10 бодови, додека Челси е на третата позиција со 19 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА